Заев: Спремен сум да му отстапам 13 пратеници на господинот Мицкоски да формира малцинска власт

ИЗВОРНов лист
|

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во дуелот на ТВ 24 вечерва изјави дека не прифаќа уцени од ДУИ и доколку е потребно би му отстапил 13 пратеници на Мицкоски за малцинска влада или би побарал 6 пратеници за тој да направи малцинска влада.

– Сум спремен да му отстапам 13 пратеници на господинот Мицкоски оти толку ќе му требаат за да формира малцинска власт, или ќе побарам од него да ми даде 6 пратеници бидејќи толку ќе ми требаат за да формирам Влада. 55:48 пратеници ќе биде резултатот во корист на СДСМ, вели Зоран Заев.

Заев вели дека нема да преговара ако ДУИ уценува. Смета дека тие треба да одат во опозицијата и дека тоа е добро.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ќе коалицираат со онаа партија која ќе ја прифати нивната програма.

– Мене ме охрабри чекорот на ДУИ да го прифатат принципот да имаме кандидат за премиер односно кандидат за мандатар. Ако Зибери собере мнозинство од 62 пратеници, тоа мнозинство нема да биде поддржано од парламентарниот состав на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Мицкоски зборувајќи за предлогот на ДУИ за премиер Албанец.