Цените на основните прехранбени производи не престануваат да растат. Според анализите за само шест основни производи треба да одвоите минимум 500 денари.
Освен енергетска, зимава која доаѓа ќе биде кризна и во снабдувањето со храна… Цените во дел од маркетите вртоглаво растат, а очекувањата на дел од економските експерти се дека трендот ќе продолжи.
Цените од ден за ден имаат нагорна корекција, од страна на производителите нема позитивни сигнали дека ќе следи некаква стабилизација.
И економистите сметаат дека состојбата е загрижувачка . Миле Бошков претседател на бизнис конфедерацијата алармира дека се потребни брзи и таргетирани мерки.
Надлежните подготвуваат нов пакет помош тежок околу 70 милиони евра за граѓаните и фирмите кој според најавите треба да биде објавен веќе на крајот на месецов.