Вчера попладне, во 17.00 часот во СВР Скопје, 36-годишната К.К. од Скопје пријавила дека на 29.08.2023 околу 14.30 часот во фирма на подрачје на Гази баба во Скопје, поради нерасчистени деловни односи, едно лице и се заканило со пиштол, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така вчера, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во друг случај, го лишиле од слобода 21-годишниот С.Ј. од Скопје.
– Тој се сомничи дека на 18.08.2023 на ул.„Скупи“ во Скопје, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, додаваат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.