Големи притисоци за изјаснувањето на пописот на Македонците од Пустец. Бугарски активисти со закани до жителите доколку не се потпишат како Бугари.
Претседателот на Бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов отворено со статус на фејсбук им порача, „Доколку сега не се изјасните како Бугари ќе ви бидат одземени пасошите, а оние кои се во постапка истата ќе биде запрена. Веќе имаме еден таков случај. Помислете“, напиша Стојанов на својот фејсбук профил.
Во Албанија во тек е пописот на населението кој треба да трае до 30-ти октомври. Изминатиот период голем број бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации беа многу активни меѓу Македонците во Албанија обидувајќи се да ги убедат дека се Бугари. Се ветуваат пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија и работа.