Законот претставен пред Бундестагот: Ова е „историска пресвртна точка“ за доаѓање и работа во Германија

ИЗВОРСкопје24
|

Владата на Ангела Меркел го претстави долго очекуваниот предлог – закон за имиграција во Бундестагот и собра многу критики од сите страни. Реформите, за многумина, не се доволни.

Во жешка дебата во Бундестагот во четвртокот, германската влада го бранеше новиот предлог-закон кој треба да го олесни приемот на обучени работници во земјата.

Новиот предлог, кој се крчка во владата повеќе од пет месеци, е владин одговор на долгогодишните поплаки од бизнис заедницата која е загрижена поради недостатокот на квалификувани ИТ-специјалисти и инженери во Германија, како и недостаток во бројни стручни професии. На остареното германско население итно му се потребни медицински персонал и негуватели.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер го претстави предлогот како „историска пресвртна точка“ кој определува јасни критериуми за доаѓање и работа во Германија.

Една од клучните точки на законот е укинувањето на членот според кој за секое работно место во земјата предност прво имаа државјани на Германија и на ЕУ. Законот ќе им олесни на имигрантите со стручно образование да се доселат во Германија.

Извор – DW.com