Законот стапи во сила – затворени 4.300 обложувалници

ИЗВОРСкопје24
|

Законот стапи во сила, во Албанија за два дена затворени повеќе од 4.300 спортски обложувалници. Со законот се забранува оваа дејност во населените места и ја нарушува социјалната сигурност на граѓаните. Забраната исто така се однесува и на онлајн кладење и коцкање.

Елитните хотели со пет ѕвезди кои се наоѓаат надвор од урбаните подрачја ќе може да ги нудат овие услуги. Премиерот на Албанија, Еди Рама поради овој закон беше под притисок на сопствениците на кладилниците, но законот се донесе и веќе е на сила.

Oblozuvalnici, kladilnici, luge se oblozuvaat

Кладилниците да се укинат и кладењето да биде овозможено само на интернет, додека автомат клубовите да работат само во поголемите хотели. Вакво законско решение предлага Ливералната партија, по примерот на Албанија.

„Либералната партија ги охрабрува и Владата и Министерството за финансии, по примерот на нашиот западен сосед Република Албанија да направи измени во Законот за игри на среќа и забавни игри. За таа цел потребно е да ги укине активностите на електронските игри на среќа (слот машини) во населените места.

Ваквите појави не одат во прилог на градење здрава нација и држава. Затоа бараме да се затворат сите казина и спортски обложувалници кои сега се наоѓаат во огромен број на главните улици низ градовите и селата во Македонија, и блиску до образовните институции.

Предлагаме спортското обложување да се одвива само на интернет платформа, а казината да бидат достапни само во хотелите од висока категорија, или во зони на најмала оддалеченост од неколку километри од населените места.“ – стои во соопштението на ЛП.