Законот за работни односи без донесените измени пензионира 42 судии и 11 обвинители

|

42 судии и 11 обвинители ги напуштаат канцелариите и судниците. Од денеска се пензионери. Иако на седницата на Судскиот совет меѓу пензионираните беа прочитани и имињата на претседатеката на Уставниот суд Добрила Кацарска и уставната судијка Вангелина Маркудова, тие остануваат во Уставниот суд како избрани и именувани функционери до завршување на мандатот, но повеќе нема да им мируваат работните места во Кривчниот суд будејки исполнуваат старосна пензија. Ова важи за судијата во судот во Стразбур Јован Илиевски кој денеска беше пензиониран на неговот работно место во обвинителството, кое му мируваше.

Двата совети, судскиот и обвинителскиот, подолго време алармираат на недостаток, но велат треба да се применуваат актуелните закони. За разлика од судовите каде поради промена на судиите предметите се враќаат на почеток промената на обвинителите нема да влијае на тој начин, вели првиот човек на Советот на јавни обвиинители.

Пензионирањето на судиите не помина брзо и без дебата. Членот на Судскиот совет Мери Радевска се обиде да ги убеди колегите дека денеска не треба да ги пензионираат судиите од повеќе причини, меѓу кои и тоа дека таква одлука ќе биде неуставна затоа што мандатите веќе им биле продолжени, не треба ретроактивно да се применува понеповолен закон за нив. Таа ја напушти седницата пред гасањето а колегите едногласно констатираа дека 42 судии им престанува судиската функција.

На денешната седница не присуствуваа членовите Зоран Теофиловски и Киро Здравев кои беа пензинирани како судии, но не беше споменато што со нивниот мандат како членови на Судскиот совет. Собранието не успеа до вчера вечер да ги изгласа измените на Законот за работни односи откако пројде во комисиите со тензии меѓу власта и опозицијата.