Минатата година во медиумите се појави веста дека Саша Поповиќ наводно напишал тестамент и се што заштедил и оставил на сопругата Сузана Јовановиќ. Саша и Сузана долги години се во хармоничен брак и заедно ја имаат ќерката Александра, додека пејачката и нејзиниот претходен партнер го имаат синот Даниел, за кој Поповиќ се грижи како да е негов син.
Сузана еднаш изјави дека Даниел, кого го родила на неполни 18 години, немал особено среќно детство, бидејќи неговиот биолошки татко не бил заинтересиран за него.
– Кога се разделивме со татко му, тој имаше седум месеци, па не ни знаеше што се случува. Никогаш не сум кажалa ништо против татко му, верувам дека Господ ќе не суди сите еден ден и дека секој ќе го добие она што го заслужил во животот. Имавме толку среќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел тргнал во основно училиште, татко му се сетил да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел не прашал ниту за татко му, едноставно не чувствувал потреба. Јас и син ми сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Салета – изјави Сузана.
Тешката приказна за детството на Даниел сепак добила среќен крај, а Сузана вели дека двајцата имале навистина среќа што го запознале Саша и дека тој го прифатил Даниел со толку многу љубов.
– Сале безброј пати во друштвото за Даниел рекол – „Како да е мој син, жал ми е што не сум му вистински татко”. Тој е многу горд на него и работат заедно во студио. Воопшто не ги разделува Александра и Даниел. И двајцата се наши деца“, рече таа, истакнувајќи дека чувствата се взаемни и дека Даниел со еднаква љубов го сака Саша.
Даниел, како што изјави претходно пејачката, не сака да слушне ниту збор за неговиот татко.
– Даниел не сака да зборувам за неговиот вистински татко, тој не заслужи да биде спомнат. Даниел порасна со Саша и мене, а неговиот вистински татко е Сале. Сè што научил научил од него. Работи кај нас во „Гранд“, режија, добар инженер и одлично се снајде. Срцето ми расте секој ден кога слушам дека луѓето го фалат, го направивме прекрасен маж и верувам дека еден ден ќе биде прекрасен сопруг – изјави Сузана пред медиумите пред неколку години.
Сузана и Саша во 1998 година ја крунисаа својата љубов со брак, а во 1999 година ја роди ќерката Александра, додека нејзиниот син Даниел веќе живееше со нив.