Одлична салата, спој на ориз со кисел зеленчук, печурки и шунка, туна и кремаст прелив.
Потребно: 300 гр ориз, 50 гр шунка, 50 гр кашкавал, 50 гр кисели краставички, 50 гр кисели моркови, 50 гр шампињони, 50 гр грашок, 50 гр маслинки, 50 гр кисели пиперки, 50 гр сецкана туна, 1 лажица мајонез и 250 грама мешан зеленчук
За преливот: 250 мл кисела павлака и 1 лажица мајонез.
Подготовка: Најпрво се вари оризот и кога ќе биде готов, се става во цедилка и е се мие со студена вода. Внимаваме при варењето зрната ориз да ни бидат цели. Потребните состојки ги сецкаме ситно, и на крај убаво ги мешаме со преливот. Послужете ја со кифлички, а одлична е за претстојните празници.
За време на празниците, кифличките несомнено го заземаат централниот дел на трпезата. Оваа година воодушевете ги гостите со нашиот едноставен рецепт и на вашата трпеза имајте ги највкусните кифлички!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесе квасец сув, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 1 кисела павлака, 100 мл. масло, 200 мл. млеко, 600 гр. брашно, 1 прашок за пециво, 1 јајце и сусам
ПОДГОТОВКА: 1. Се загрева млекото да биде млако и се додаваат шеќер и квасец, па се меша да се активираат. 2. Се става во друг сад брашно со прашок за пециво и сол, пa се меша, па се става киселата павлака и масло.3. Се става оваа смеса во млеко со квасец и се меша. 4. Се става тестото на работна маса, се меси и дели на два дела. 5. Се развлекуваат и еден круг се сече на 16 делови. 6. Секој се витка во кифличка, се редат на тепсија и се премачкуваат со јајце и со сусам. 7. Се печат на загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.