Замислете си песочна плажа, каде што брановите од морето уд ираат на брегот, а сонцето заоѓа на хоризонтот. Успеавте?
За многумина ова е лесна задача, но за еден мал дел од човештвото е невозможна. Докторите за прв пат успеале да идентификуваат состојба наречена „афантазија“ која не им дозволува на луѓето да формираат ментални слики во нивниот ум.
Се верува дека секој 50-ти човек може да има афантазија. Некои од луѓето кои биле идентификувани со оваа состојба признале дека се чувствуваат осамено и изолирано, бидејќи знаат дека не можат да ги гледаат нештата како што повеќето можат. Исто така тие се чувствуваат вознемирено бидејќи не можат да си ги замислат дури ни блиските во своите мисли. Од друга страна, некои од нив тврдат и дека едноставно научиле како да живеат со афантазијата и сметаат дека го доживуваат животот на малку поразличен начин од другите.
Когнитивниот невролог, професорот Адам Зимен, бил првиот кој ја именувал оваа состојба во својата студија. Таа најпрво била идентификувана во 1880 година и одвреме-навреме била објаснувана како резултат на голема мозочна повреда, но феноменот досега привлекол многу малку внимание.
Се верува дека визуелизацијата е резултат од низа региони кои се расфрлани ширум мозокот, но кои заедно работат за да создадат слики базирани врз сеќавањата. Се претпоставува дека оние кои имаат афантазија, некако имаат и попречување во врските на овие области во мозокот.
Тоа исто така објаснува и зошто оваа состојба настанува како последица од голема мозочна штета. За нештата да бидат уште почудни, оние со афантазија не можат доброволно да создаваат слики во своите мисли, но сепак можат да сонуваат.