Постојат повеќе начини да добиете прекрасни и шарени јајца за Велигден, за кои сите ќе ви љубоморат. Земете фолија, завиткајте ги јајцата, па ставете ги во боја да се варат. Вака, тие ќе добијат супер ефект или мраморно јајце.
Ова се неколку супер идеи за фарбање јајца за големиот празник кој е пред нас.
Вака избелете ги јајцата за Велигден – Бојата поубаво ќе се фати и ќе сјае
Ова е супер трик за тоа како да ги избелите јајцата за Велигден, за бојата поубаво да се фати и да имате супер офарбани јајца.
Ви треба вода, оцет и секако јајцата.
Се варат 10 минути, а кога водата ќе зоврие, се вади пената, а како што ќе излегува бојата, така и пената ќе биде се потемна.
Понекогаш, колку и да внимаваме, при вапсувањето јајца се случуваат и незгоди и завршуваме со прсти обоени во сите бои.
Некогаш само сапун и вода не помагаат во отстранување на дамките. Можете да се обидете да истурите оцет во раката и да триете како со течен сапун. Повторете уште еднаш ако не успеете.
Втор начин е да се обидете со лимон. Тријте со парче лимон и бојата ќе се растопи и лесно ќе измиете после со сапун.
Можете да се обидете и со топла вода во која сте раствориле сода бикарбона. Потопете ги рацете околу три минути и потоа измијте со сапун.