Замрзнете го лимонот пред да го употребите, ќе го обожавате

ИЗВОРНов Лист
|

Лимонот е едно од најздравите овошја на планетата земја, бидејќи е преполн со витамини, минерали и со хранливи материи, а лимонската киселина ни помага во борба против секакви бактерии и болести. Сепак дали знаевте дека всушност кората од лимон е покорисна и содржи најмногу витамини и минерали кои се драгоцени за нашето здравје?

Кората од свежиот лимон не е нималку вкусна, но затоа постои начин на кој може да ја направите да биде добра за јадење и многу вкусна.

Така, доколку сакате од лимонот да го извлечете максимумот тогаш најдобро е да го јадете замрзнат. Најздравиот дел од лимонот е кората која секогаш останува неискористена, а вака ќе можете да ја изедете и неа. Исто така кората можете и да ја изрендате па така нема да ви биде тешко нејзиното конзумирање.

Како најдобро да го замрзнете лимонот?

Исечете го лимонот на парчиња, ставете ги во вреќичка за замрзнување и ставете ја кесата во замрзнувач. Кога ќе посакате да изедете парче од лимонот, едноставно извадете ја кесата од замрзнувачот и изедете го замрзнатото парче лимон. Лимонот и неговата кора на таков начин ќе изобилуваат со освежувачки вкус на цитрусот.

Еве кои витамини ќе ги внесете во вашиот организам доколку изедете лимон со кора: витамин Ц, Б6 и Е; фолна киселина; калциум; железо; калиум; фосфор; протеини; рибофлавин; ниацин и тиамин.