Јавните претпријатија Водовод и канализација – Скопје и Комунална хигиена – Скопје ги потсетуваат граѓаните на Град Скопје дека акцијата за плаќање на заостанатите сметки за смет и вода без камата трае до 28 јуни.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известуваат корисниците кои што имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни.
Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.“
Познати бизнисмени и јавни и државни претпријатија на новата Листа на должници на УЈП
Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.06/2019 за долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
– повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
– повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Според Листата на должници која ја објави УЈП на неа може да се најдат истите јавни, приватни компании, државни претпријатија и приватни лица од претходната листа.
На листата се уште е 11 Октомври-Еурокомпозит, комуналното претпријатие од Тетово, винарската визба Повардарие, фирмата Трансмет, скопската Општина Карпош, Македонската радио телевизија, јавното претпријатие Билјанини извори, бизнисменот Сејдију Бајруш и многу други.