Утрово во пожар пред семејната куќа на Шилегов во Тафталиџе изгореа неколку автомобили, меѓу кои и оној на неговата сопруга. Информацијата ја потврди и полицијата која најавува истрага.
Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, нема никакви индиции за тоа како избил пожарот во автомобилот Ауди Q3 кој го користела неговата сопруга.
Тој во изјава за А1 он вели, коли се купуваат, луѓе не.
„Не знам што се случило. Ние пријавивме опожарени возила, едното е џипот на сопругата и другото е пасатот на комшијата. Немам индиции никакви, прерано е да кажам, истрагата е во тек. Очекувам дека полицијата брзо ќе ја заврши истрагата. Нема никакви најави или дојави за таква работа. Стварно не знам. Нема пов редени, за жива среќа, бидејќи коли се купуваат, луѓе не. Немам официјално ништо за причините. Бидејќи почнаа веројатно гумите да пукаат, ме разбудија, пријавив одма во Пожарна и полиција“ вели Шилегов за А1 он.