Запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола – МНР експресно го осудија актот

|

„Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар „Иван Михаилов” – Битола. Очекуваме институциите во набрз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата“, објавија од центарот на својата страница на Фејсбук.

Клубот беше отворен во средината на април, а на неговото отворање присуствуваше бугарскиот премиер Крил Петков и висока државна делегација.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“.

Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење. Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти,​ се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија експресно го осудуди актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.

-Ваквиот вандалски на пад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Ова кривично дело неслучајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија, велат од МНР.

Додаваат дека надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.