Запалил ѓубре, па опожарил куќа: Кривична за маж од струшко

|

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(61) од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 31.08.2023 во с. Велешта, пријавениот до куќата на Л.К.(64) запалил ѓубре, стрништа и други запаливи материи и со тоа предизвикал материјална штета на куќата.