Запишал дека учи студенти да возат, а бил надвор од државата

|

Канцеларијата за крим иналистички работи во Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М. од с. Грешница дека постои основа на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

На 05.02.2021, 03.04.2021 и 28.05.2021, Ф.М., во својство на предавач на теоретски дел на настава за оспособување на кандидати за возачи во автошкола од Кичево, со својот потпис овозможил правење службена исправа со невистинита содржина.

Тој во дневникот за евидентирање на наставата внел невистинита содржина дека во периодот од 16.00 до 19.05 часот одржал теоретска настава, иако во тие денови бил надвор од државата.