Заплака во интервјуто: Ова беше последното јавно појавување на Ферус Мустафов! (ВИДЕО)

|

Кралот на саксафонот или кралот на ромската музика како што постојано го нарекуваа, Ферус Мустафов, денеска почина по кратко боледување по преживеан мозочен удар. Веста за неговата смрт ги преплави социјалните мрежи, каде луѓето изразуваат жалење за прераното заминување, а и сите негови колеги јавно се простија од него.

Инаку на Ферус последното јавно појавување му беше пред околу два месеци, кога гостуваше во подкастот на јутјуберот Стефан Лазаров.

Таму Ферус зборуваше за целата своја кариера, а најтажен момент беше кога се расплака на прашањето од Лазаров за ненадејната смрт на познатиот хармоникаш, инаку голем пријател на Ферус, Милан Завков.

Погледнете го тој момент:

https://www.youtube.com/live/PyZ_ZtuKNz4?feature=share