Ретроградниот Марс започна од вчера 9ти септември и ќе трае 2 месеци!

|

На секои две години, Марс почнува да се движи наназад и овој транзит трае околу два месеци. Ретрограден Марс во знакот на Овен 2020 година ќе се случи помеѓу 9 септември и 15 ноември 2020 година.
Кога планетата се движи ретроградно, астролозите секогаш предупредуваат дека е подобро да се избегнат некои активности.
Критични денови: 9-ти септември, 28 септември до 1 октомври, од 7 октомври до 12 октомври и 14 ноември.

Марс е поврзан со архетипот на воинот. Предизвикува акција, импулсивност, одлучност, агресија … Марс е исто така поврзан со сексуалноста – не во љубовен аспект, туку со желба и инстинкт.
Иако Марс претставува нови циклуси со движењето напред, но кога се движи наназад, ни покажува дека треба да забавиме и да бидеме многу внимателни за своите постапки во текот на овие два месеци.
Марс владее со принципот на самоодбрана, но ако се промени, може да се претвори во воинственост и раздразливост. Преселба во нова куќа, нова канцеларија или нешто слично не се препорачува. Поради влијанието на Марс врз сексуалноста, може да се појават нови сексуални авантури, но не е добро време да најдете нови партнери или да започнете врска.