Запомнете: Намирници кои никогаш не се замрзнуваат

|

Секој човек веројатно кога има вишок од некоја намирница во домот ја замрзнува за да го продолжи еокот на траење и истата да не се расипе брзо, но сепак треба да знаете дека не секоја намирница може да биде замрзната.

Постојат намирници кои не треба да ги замрзнуваме.

Целерот, марулата и краставицата се три примери за намирници кои не треба никогаш да се замрзнуваат.

Поради големиот процент вода во нив, се прават кристали кои при одмрзнување допринесуваат овој зеленчук само да се исуши или пак пушти вода и да не остане ништо хранливово себе.

Всушност тие нема да се расипат додека се замрзнати, нк по нивното одмрзнување тие стануваат неупотребливи и сепак веднаш ќе ги фрлите.