Перси видео снимката од училницата ја поставил на друштвените мрежи, а после тоа станала многу популарна.
Наставникот од Гана, Саки Перси, станал популарен на друштвените мрежи откако ја објавил видео снимката на која со своите ученици игра. Тој вели дека се труди учењето да го направи позабавно за децата да совладаат материи од различни предмети и да изградат самодоверба.
Перси исто така е пејач, текстописец и танчер. Вели дека е изненаден од тоа колку луѓе ја виделе нековата видео снимка.
Омилениот наставникот по физичко на децата од Кочани се вработи во Дубаи
Николче Колев, кого родителите и децата од градинката „Павлина Велјанова“ од Кочани го бараа назад откако по петгодишен ангажман на негово место беше примен друг наставник се вработи но не во Македонија, туку во Дубаи.
Пред неколку месеци тој за Деца.мк објасни дека и покрај огромниот труд што го вложил за развој на гимнастиката во Кочани и организација на 5 детски олимпијади, не го добил вработувањето во градинката.
„На огласот се пријави и друг кандидат и ми беше кажано да не очекувам дека ќе бидам примен бидејќи не сум партиски подобен“ – изјави Колев, познат кај децата од Кочани како Коката.
Работа добил за една недела
Тој и сега работи гимнастика со деца и млади, но не во Кочани, туку во Дубаи. Понуда за работа добил по само една недела откако аплицирал.
– Мојата работа наместо во Македонија, ја продолжив во Дубаи. Оние што мислеа дека направиле добро што ме избркаа од работа всушност ми го отворија патот за поголеми предизвици во животот и струката. Јас немам проблем со моето знаење и квалитети, болката доаѓа од нискиот начин на кој ми го направија тоа, а за град и држава во која имам голем придонес во делот на спортот. Сепак, не изгубив јас, изгуби градот Кочани, изгубија децата и идните генерации, изгубија родителите, изгуби гимнастиката – вели тој.
Целиот текст на деца.мк .