„Зарем и ова ни го наплаќаат?“: Туристите шокирани од црногорските плажи

|

Лежалките на црногорските плажи се бесплатни за користење по 17 часот, а цените се попристапни од оние во Грција, но туристите се шокирани од една работа.

Имено, на сите организирани плажи постојат тушеви, но не се бесплатни. Како што пренесува „Телеграф“, ако сакате да ја отстраните солта од телото откако ќе излезете од вода, ќе мора да платите за тоа – половина евро.

Бесплатните тушеви веќе се минато и во Хрватска.