Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.
Санкционирани се 142 возачи. При акциската контрола санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци, информираа денеска од МВР. Само на територија на Скопје се изречени и 56 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин. МВР и денеска и во наредните денови продолжува со ваквите акциски контроли.
Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.