Застрашувачки „тик ток“ предизик меѓу децата во Скопје реагираат нивните родители на социјалните мрежи. Во овој т.н предизвик децата легнуваат на сред улица и се предизвикуваат еден со друг кој ќе издржи што е можно подолго до доаѓањето на возилото. Новите генерации се во своевидно заложништво на социјалните мрежи и мора да постои критериум во селективноста што е предност на социјалните мрежи во одредени ситуации, но и кои се негативните страни на истите, вели психијатар Митова.
НАЈМНОГУ ЗАГРИЖУВА ОГРОМНОТО ВЛИЈАНИЕ ШТО ГО ИМААТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРЗ МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА МЛАДИТЕ. И ОД ТУКА СЕ СИТЕ СИТУАЦИИ НА КОИ СВЕДОЧИМЕ, БИДЕЈЌИ ВЛИЈАНИЕТО НА ТИЕ МРЕЖИ НЕ Е НИМАЛКУ НАИВНА КОМПОНЕНТА, ЗА КОЈА МОРА ДА КАЖАМ НИЕ ПОМАЛКУ НАИВНО ПРИСТАПУВАМЕ ВО ОДНОС НА СЕРИОЗНОСТА НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, ВЕЛИ Д-Р ВАСКА МИТОВА, СПЕЦ. ПСИХИЈАТАР.
Доколку би требало да се превенира што е она што препорачувате, претпоставувам и родителите се загрижени и образовниот систем и целото општество воопшто?
ЈАС БИ СОВЕТУВАЛА ОД ЗАГРИЖЕНОСТ ДА ПРЕМИНЕМЕ ВЕЌЕ ВО АКЦИЈА. И ТУКА ИМА ОДГОВОРНОСТ ОД СТРАНА НА РОДИТЕЛИТЕ И ОД СТРАНА НА ОПШТЕСТВОТО, ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ. ЗА РОДИТЕЛИТЕ МНОГУ Е ВАЖНО ДА РАЗГОВАРААТ СО СВОИТЕ ДЕЦА, ОД ДРУГА СТРАНА ТРЕБА ОПШТЕСТВОТО ЈАСНО И ГЛАСНО ДА ВООЧИ ЗА ВАЖНОСТА НА ЕДУКАЦИЈАТА И НА РОДИТЕЛИТЕ И НА НИВНИТЕ ДЕЦА ШТО ЗНАЧАТ И КАКВО ВЛИЈАНИЕ ИМААТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО КОНКРЕТНИОВ СЛУЧАЈ СО „ТИК ТОК“ ВЕРОЈАТНО, НО И ИНСТАГРАМ, ФЕЈСБУК ШТО ГИ КОРИСТАТ МЛАДИТЕ. КАКВО Е ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ И КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ МОЖЕ ДА ИМА, ВЕЛИ Д-Р МИТОВА.
Вие споменавте дека во голем број случаи родителите се немоќни да реагираат, но кои се институциите кои имаат ингеренции да влајаат на ваквата состојба?
ПРЕД СЕ БИ РЕКЛА ДЕКА САМИТЕ ПЛАТФОРМИ БИ ТРЕБАЛО ДА ГИ ЗАСИЛАТ СВОИТЕ СТРОГИ МЕРКИ ШТО ТРЕБА ДА ИМА НА ТАА ПЛАТФОРМА ИЛИ НЕ. НО ЗНАЕМЕ ДЕКА ТОЈ ПАЗАР НА КОНЗУМЕРИЗАМ НЕ ИМ Е ВО ПРИЛОГ НА САМИТЕ ПЛАТФОРМИ ДА СИ ГИ КРАТАТ СВОИТЕ СОДРЖИНИ КОИ НОСАТ НАЈМНОГУ ГЛЕДАНОСТ, ШТО Е ЗАСТРАШУВАЧКИ. ЗАТОА ТУКА ТРЕБА ДА ИМАМЕ НИЕ НЕКАКВА КОНТРОЛА. ОД ДРУГА СТРАНА ДА БИДЕ ПОЗАСИЛЕНА ТАА МРЕЖА НА ПСИХОЛОЗИ, ПЕДАГОЗИ И ПСИХОТЕРАПЕВТИ ВО САМИТЕ УЧИЛИШТА. ОНА ШТО БИ ТРЕБАЛО И ОДРЕДЕНИ ЗЕМЈИ ШТО ГО ПРЕЗЕМААТ ВО ОДНОС НА ЛИМИТИРАЊЕ НА ОВИЕ СОДРЖИНИ, НО ТОА СЕ ПОРЕСТРИКТИВНИ ЗЕМЈИ ДА РЕЧЕМЕ НА ПРИМЕР КАКО КИНА, КАКО ТУРЦИЈА КАДЕ ШТО ШТОМ САМАТА ПЛАТФОРМА НЕ САКА ДА СИ ГИ КОНТРОЛИРА СВОИТЕ СОДРЖИНИ КОИ ГИ ПЛАСИРА, САМАТА ЗЕМЈА ЈА ОГРАНИЧУВА ТАА ПЛАТФОРМА НА ТОЈ ПАЗАР. И ТОА МОЖЕ ДА БИДЕ МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ, НО НАЧИН НЕШТО ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА ТИЕ МРЕЖИ ВРЗ ДЕЦАТА, СМЕТА Д-Р МИТОВА.
Во одредени земји во регионот, додава Митова веќе се воведува и задолжителен скрининг на менталното здравје кај младите во училиштата, ваквата одлука следи по загрижувачките податоци за нарушување на менталното здравје поради панд емијата, зголемена појава на анксиозност и депресија кај младите и зголемениот процент на семејно наси лство.
Нина Стефанова