Според изјавата на Ќефаил Хавзија, директор на Затворот во Тетово, изгледа дека ова лето најголема удобност и забава ќе има токму затворот во Тетово.
„Изминатиот период извршено реновирање на сите простории во затворот, спални соби, кујна, санитарни јазли, менза, библиотека, светилиште, берберница, реновирани се и приемното одделение и затвореното одделение. Извршена е дезинфекција на затворските соби и простории. Исто така, затворениците добија и монтажен базен кој ќе помогне во подобрување на психичката и физичката состојба на затворениците. Сето ова е дел од активноста на затворскиот персонал воопшто“, изјави Ќефаил Хавзија, директор на Затворот во Тетово.
Меѓу другото, тој додаде и дека за затворениците ќе се одржуваат и концерти и турнири во спортови како фудбал, кошарка, шах и сл., како и објавување на филмови.