Најдобро е да одговарате веднаш на прашањата, без да размислувате – едноставно кажете го она што прво ќе ви падне напамет.
Најважното правило во текот на овој тест е да одговарате искрено и да го кажувате она што прво ќе ви падне напамет. Затоа, сместете се удобно, исклучете ја логиката на некое време и замислете дека пливате во топол и чист океан…
1. Вие нуркате за да ги разгледате морските длабочини и нивните жители, кога одненадеж забележувате сирена. Каква боја е нејзината опашка?
2. Покрај сирената плива риба. Каква е таа? Опасна и агресивна или напротив – мирна и безопасна?
3. Вие нуркате уште подлабоко и на самото дно забележувате школка. Како изгледа? Каков е нејзиниот облик? Дали е рамна и мазна или можеби спирална? Или е во облик на полузатворена шака?
4. Конечно доаѓа времето за враќање на копно. Пливате до брегот и излегувате од водата. Колку луѓе гледате таму?
Одговори:
1. Бојата на опашката на сирената кажува колку сте комуникативни.
– Студените и мирни бои како што се сината и зелената, зборуваат за вашата срамежливост.
– Силните бои како жолтата и розовата укажуваат дека лесно пронаоѓате заеднички јазик со новите познаници.
2. Рибата го симболизира начинот на кој ги решавате спорните ситуации.
– Ако сте замислиле мирна, неагресивна риба – вие немате проблем со изразување и одбрана на своето мислење.
– Ако рибата е опасна и се однесува агресивно, тоа зборува дека повеќе сакате да избегнувате расправии и конфликтни ситуации.
3. Школката го одразува степенот на вашата отвореност кон луѓето од вашето опкружување.
– Школката со едноставен облик означува дека лесно им се отворате на луѓето и без размислување им зборувате за себеси.
– Од друга страна, ако сте замислиле школка со необичен облик, вие сте затворена личност и не сте спремни да ги споделувате вашите животни факти и својата приватност.
4. Луѓето на плажата го означуваат бројот на вашите пријатели.
– Плажата е полна со луѓе – вие сте вистински крал (или кралица) на друштвените собиранки и забави.
– Неколку луѓе – немате многу пријатели, но тие што ги имате се вистински и лојални.
– Доколку сте замислиле сосема празна плажа, тоа значи дека вие всушност немате многу доверба во луѓето и не тежнеете кон стекнување на пријатели.