Заврши реконструкцијата на булеварот 8 септември

ИЗВОРНов Лист
|

Заврши реконструкција на булеварот 8 септември на потегот од булевар Илинден до улицата Скупи, извршена е комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена на оштетените рабници, нивелација на постоечките шахти и сливници, во двата правци во должина од 980 метри, a постојниот дрворед ќе биде заменет со 100 нови садници.

Овој булевар е еден од најискористените во Општина Карпош бидејќи преку мостот на Вардар ги поврзува населбите Карпош 2 и 3 со Злокуќани, Бардовци, Визбегово и околните населби.

Пред 2 години на овој булевар изградивме велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај хотел Александар Палас.