Владата информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.
Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите.
За потсетување во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања.