Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести – еве каква одлука е донесена

|

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци, соопшти Министерството за здравство. Конкретно, за предлогот за намалување на времето на изолација за асимптоматските случаи на болеста, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

На денешниот состанок комисијата ја разгледувала и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, но и за овој предлог одлуката ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие. Од Министерството за здравство велат дека клучно ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата и одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, изминатата недела има зголемување од 51 отсто на позитивните случаи, како и 41 отсто зголемување на хопитализацииите.