Мини елкички полнети со пилешко и зеленчук – идеално мезе за новогодишните собиранки со друштво и семејство.
Наместо да правите обични бурита, влезете во новогодишно расположение и бидете креативни во кујна.
Овие мини елкички се прават многу лесно, а совршено ќе се вклопат во празничната трпеза.
Потребни состојки:
1 лажица масло
1 кромид, сечкани на ленти
2 шолји пиперки во различни бои, сечкани на ленти
2 чешниња лук, ситно сечкан
Зачини по вкус
115g доматен сос
Тортиљи
30g брашно
60ml вода
Маслиново масло
Песто за премачкување
Начин на подготовка:
Во тава загрејте го маслото и додадете го кромидот, пиперките и на крај лукот. Гответе додека не омекнат. Додадете го пилешкото, зачинот и доматниот сос. Загрејте ги сите состојки и соединете ја смесата.
Загрејте ја рерната на 180˚С. Во мал сад измешајте ги брашното и водата. Исечете ги тортиљите на пола. Намачкајте тенок слој од брашното и водата на третина од исечената тортиља. Преклопете и направете конус. Повторете со сите тортиљи.
Наполнете го секој корнет со миксот од пилешко и зеленчук и залепете го со мешавината од брашно и вода. Наредете ги на хартија за печење и премачкајте ги со масло. Печете 25 минути.
Ставете по две на стапчиња за ражничи и премачкајте со песто.