ЗБОГУМ НА ГОРЕШТИНИТЕ: Следните утра многу посвежи, преку ден пријатно топло

|

Во Македонија следува период на умерено облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Локално ќе има услови за појава на слаб и краткотраен дожд.

Наутро ќе биде значително посвежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, што значи пеколните горешнити за ова лето и официјално завршија.

Во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно, суво и умерено облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.

Барем според сегашните анализи со кој ние располагаме, нова поголема промена на времето и поинтензивни врнежи кај нас, како и уште поголем пад на температурите на воздухот се очекува во текот на следната седмица. Состојбата будно ќе ја следиме, со што и граѓаните навремено ќе бидат информирани за секоја ново настаната временска состојба.