Станете дел од глобална компанија која нуди одлични плати, бонуси за продуктивност и услови за работа по германски стандарди!
Teleperformance е глобална компанија со јасна визија – да изгради мост помеѓу најпрепознатливите брендови на планетата и нивните клиенти. Со свое присуство во 76 земји и операции на 160 пазари, Teleperformance е првиот избор на секоја компанија чијшто бизнис се темели на дигиталниот свет.
Пред околу две години, Teleperformance ги отвори своите канцеларии во Косово и за само 24 месеци компанијата успеа да пополни дури 600 работни места.
Следејќи го успехот во Косово, Teleperformance планира да ги прошири своите операции и во Македонија преку отворање на канцеларија во главниот град Скопје во кој се очекува да бидат вработени околу 300 луѓе.
Во моментов, компанијата има активен оглас за вработување Call Agent Mitarbeiter– Inbound со течно зборување на германски јазик (најмалку Б2 ниво).