Здравко Чолиќ: За мене Македонија секогаш ќе биде Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Здравко Чолиќ на 15 јуни ќе одржи трет, овој пат најголем и спектакуларен концерт во Скопје, поточно на арената „Тоше Проески“ во Градскиот парк, па по тој повод периодов почесто е гостин во нашата земја.

Тој вечерва беше гостин и во „Само Вистина“ на Канал 5, и се осврна на својата кариера, но и на политиката, па го кажа и својот став по повод новото име на нашата држава, Северна Македонија.

– Договорот кој го направија Македонија и Грција е само географски компромис и мило ми што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји сега се завршени, за мене Македонија секогаш ќе биде Македонија, смета Чолиќ.

исечок 3 „Само Вистина“ 22.5.2019

Дел од вечерашнoтo #СамоВистина интервју со Здравко Чолиќ- Договорот кој го направија Македонија и Грција е само географски компромис и мило ми што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји сега се завршени, за мене Македонија секогаш ќе биде Македонија, смета Чолиќ.

Gepostet von Канал 5 Телевизија am Mittwoch, 22. Mai 2019

Во една прилика тој пред новинарите исто така истакна дека најголемиот концерт во неговата кариера го имал токму во Скопје, кога присуствувале над 120.000 луѓе.

– Јас во Скопје сум го одржал најпосетениот концерт во мојата кариера. Мојот најголем концерт во животот е на плоштадот во Скопје. Имаше проценки дека присуствувале 120.000 луѓе. И стадионот „Маракана“ потоа во 2001 малку помал концерт. Стадионите се простори кои се мошне импозантни, но на крајот воопшто не е важно колку посетители има, важна е енергијата на публиката која се создава и кога се настапува на помал простор. Енергијата е важна, за луѓето да го запаметат тој настан како една убава вечер, рече Чолиќ.

Организаторите за овој концерт очекуваат повеќе од 60.000 посетители. Моќна е самата помисла на присуството на 60.000-70.000 луѓе на едно место, она што не може ниту еден политичар да го направи, му успева на Здравко, токму поради тоа, тој е и легенда!