На Велики четврток жените ги бојадисуваат јајцата и се трудат да направат вистински уметничи дела како би ги израдувале најмладите.
Постојат различни техники на фарбање јајца, а ако сакате да добиете природен изглед, ставете сунѓер во боја, а потоа започнете да ги мачкате јајцата со него. Ќе добиете едноставни шарки и оригинално украсено јајце.
Мермерни велигденски јајца чекор по чекор: Секое ќе ви биде како уметничко дело
Ова е единствената техника со која секое јајце ќе ви биде поинакво и посебно.
Состојки: јајца, луковина, унихоп чорапи, бои за јајца, лажица сол, оцет и вода.
Приготвување:
Во тенџере сипете ладна вода и лажица сол, па измешајте. Варете ги јајцата на средна температура околу 10 минути и почекајте да се изладат. Ставете влажно јајце во чорапот, па обложете го со луковина и врзете го чорапот.
Во сад со вода и боја ставете лажица оцет, оставете ја да зоврие, па додајте ги јајцата кои треба постојано да ги превртувате, околу 5 минути.
Вадете ги јајцата на крпа или салвета, па оставете ги да се изладат. Извадете ги од чорапите и тргнете ја луковината. Премачкајте ги јајцата со масло за да добијат сјај.
Боење со свила: Ова е најубавата и најлесната техника за вапцање јајца
Интересна идеја како да ги искористите старите парчиња свила, а притоа да имате убаво ишарани Велигденски јајца.
Постапка:
1 .Бело јајце замотајте во парче свила ( големина 20х20цм) така што убавата страна е свртена кон јајцето. Потоа со ластик врзете ја свилата така што јајцето целосно да биде замотано во неа.
2. Потоа над свилата на истиот начин врзете памучна ткаенина и исто прицврстете ја со ластик.
3. Јајцата ставете ги во тенџере со вода во која ќе ставите 2 лажици оцет
4. Од кога јајцата ќе зовријат варете ги на тивко уште 25 минути
5. Јајцата извадете ги од тенџере и оставете да се изладат
6. Одмотајте ги јајцата и премачкајте ги со зејтин или маргарин
Погледнете го видеото во прилог и дознајте како и вие да бојадисате неверојатно убави велигденски јајца со свила.