Жељко и Јована Јоксимовиќ се меѓу ѕвездите кои вчеравечер дојдоа на доделувањето на првите регионални музички награди (MAC) кое се одржува во Белград.
Во Штарк арената, славниот пар пристигна во елегантно издание. Јована беше облечена во црна комбинација, која ја надополни со елегантна пунџа, златни обетки и златен појас на половината.
Јоксимовиќ и Емина Јаховиќ добија награда за Најдобра соработка за песната „Два авиона“.
Жељко настапи на сцената со песната „Милиметар“, а видеото можете да го погледнете ТУКА.
Имано, пејачот кој во неколку наврати истакна дека би сакал да има уште деца, пред некоја недела изјавил дека тоа нема да се случи. Како што објасни, Јована (37) со близинаците имала тешка бременост и уште потешко породување.
– Не можеме повеќе да имаме деца. Од нас сепак толку, рекол Жељко за хрватските медиуми.
Потсетуваме, Јована и Жељко го имаат синот Коста и близначките Ана и Срна. Пејачот од претходниот брак пак ја има и ќерката Мина која минатата година во август наполни 23 години, која е преубава и се повеќе налукува на својот славен татко.