Српските медиуми пишуваат дека популарниот пејач Жељко Јоксимовиќ ќе отвори три кабелски телевизии, но неговата сопруга сепак нема да биде дел од тимот, барем не на почетокот.
Регулаторното тело за електронски медиуми во Србија на 4 јуни издало дозвола за кабелско емитување на три канали, К1 студио, Стајл фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии и припаѓаат на компанијата „Минакорд медија“ која Јоксимовиќ ја основал во мај годинава.
слика
-Никој не знае од каде му е идејата на Жељко да се посвети на телевизијата. Малку нѐ изненади бидејќи се работи за сериозен проект, во кој треба да се вложат многу пари, но и време, што секако нема да може сам да го направи. Голем залак е тоа, но како што слушам веќе ангажирал луѓе кои долго време се во оваа област, вели близок извор до Јоксимовиќ.
Неофицијално, новиот проект на пејачот треба да започне на есен.
слика
Инаку, убавата водителка на утринска програма во Србија и сопруга на ѕвездата Жељко Јоксимовиќ, Јована Јоксимовиќ, пред некое време беше фатена без шминка како излегува од автомобил.
„Папарацо Лов“ ја фати во природно издание без шминка.
Последниве неколку месеци таа е постојано во центарот на вниманието со неколкуте интересни модни избори кои ги направи, како водителка на утринската српска програма. Пред само неколку денови таа со една фотографија на Инстаграм предизвика бура од реакции. Во прашање е вечерна комбинација составена од краток црн комбинезон кој го „фураше“ со необични модни додатоци – црни чорапи со бели точки и бели салонки со високи потпетици.