Жељко Јоксимовиќ на 3 август доаѓа во Охрид: Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни!

ИЗВОРСкопје24
|

Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во Охрид, со уште еден во низата на успешни концерти.

Како што ни соопштуваат организаторите – Прагма Продукција, концертот е закажан на 3-ти август 2019 год., на стадионот “Билјанини Извори”.

Ја обожувам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни, дефинитивно ќе биде една незаборавна ноќ! Затоа ќе ги поканам сите да се придружат и ќе им ветам дружба и забава која не била приредена подолго време!, вели Јоксимоиќ во најавата за концертот.

Миленикот на сите генерации ќе приреди голем спектакуларен концерт за паметење, кој ќе трае повеќе од 2 часа и ќе ги отпее хитовите: Љубави, Није љубав ствар, Лане моје, Девојка, Либеро, Дрска жено плава, како и поновите хит песни на Жељко како што се “Дама”, “Звезда”, “Рањена Ѕвер”, “Милиметар”, најновата “Можда је то љубав” и многу многу други.