Познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ ја поддржа нашата претставничка Тамара на вчерашниот Евросонг, нарекувајќи ја победник.
Тој вчера на својот Твитер профил напиша: „Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровозија. За мене, вечерва Тамара победи“.
Ѕвездите од Балканот ја изразија сета поддршка за нашата претставничка, со свои објави ја поддржаа и му порачаа на својот народ да го даде гласот токму за неа:
Жељко Јоксимовиќ кој има голема евровисика позадина како претставник, но и како композитор на некои од српските евровизиски песни за Тамара напиша:
-За мене ти си победничка Тамара Тодевска- порачува Јоксимовиќ.
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ исто така се приклучи на честитките и кратко напиша:
-Браво Тамара Тодевска!
И Марија Шерифовиќ не заобиколи да нагласи дека Тодевска и Македонија беа гордоста на вечерта.
-Напред девојки, пишува во објавата на Марија, која исто така ја повика Србија да гласа за својот сосед.
Карлеуша уште на втортата полуфинална вечер ја прогласи Тамара за победничка, а не заборави да ја потсети својата нација за кого да го даде својот глас.