Жељко Шашиќ призна дека му недостасува екс сопругата која го „откачи“ поради Аца Лукас

|

Пејачот Жељко Шашиќ пред 12 годии се разведе од Соња Вуксановиќ со која ја доби ќерката Софија. Во едно од последните интервјуа пејачот призна дека и ден денес има моменти кога жали за тој потег, а како што наведува често мисли на неа.

Поминаа многу години, а јас и ден денес патам поради разводот со Соња. Не велам дека тоа е некоја голема тага, но жал ми е што се разведовме. Човек секогаш жали поради тоа што нешто убаво се завршило. Тоа е нормално. Колку и да се оддалечат луѓето после разводот, сепак им останува заедничкото минато. Ако ме прашувате дали се уште ја сакам одговорот е не, но често мислам на неа, рекол пејачот.