Земјата на слободните: Ако денеска отпатувате во оваа земја, ќе се разбудите во 2562 година

ИЗВОРСкопје24
|

Земја на насмевките, шарените џунгли, атрактивните племиња, оризовите полиња, големите кралски градови, кујната со хармоничен вкус, традиционалните масажи – некогашниот Сијам, а денес Кралството Тајланд, е држава во југоисточна Азија.

Тајланд, на тајландски јазик е “Пратет Тај” што се преведува како “Земјата на слободните”, а истата спаѓа во најпосакуваните туристички дестинации во светот. Еве и зошто:

Календар
Тајланд го пресметува времето по свој систем и си има сосема различен календар. Тајландскиот сончев календар го вовел кралот Рама Петти во 1888 година, а започнува од нулта година, која била 543 година п.н.е. – денот кога починал Буда. Со други зборови, моментално на Тајланд е 2562 година, па според ова може да се каже дека одењето во Тајланд е како да патувате во иднината.

Дочек на Новата година
Доколку го посетите Тајланд околу април, можеби ќе имате прилика да учествувате во големата и многу важна прослава, позната под името “тајландски фестивал на водата”, кој го означува почетокот на Тајландската Нова година. Неговиот најпрепознатлив дел е полевањето на луѓе со кофи и пушки на вода.

Самут Пракан – древен град со градби кои го одземаат здивот
Овој антички град се одликува со 320 хектари преубави градини, вода и древна архитектура. Самиот град е мини реплика на целата земја и ги претставува најважните градби и згради. Постојат над 116 споменици кои се поставени на одредена географска положба со ист дизајн. Главната идеја за изградба на Самут Пракан е зачувување на автентичната и богатата тајландска култура за наредните генерации. Една од најимпресивните градби е Сумеру, која е заштитена од џиновската риба Ананд.

Пазар на сред улица
Ова може да се нарече и “забава за оние похрабрите”. На ова место можете да купите свежо овошје и зеленчук, но она што го прави посебно е самата локација. Пазарот се наоѓа веднаш до железничката пруга. Неколку пати дневно, возот директно поминува низ пазарот, а во тие ситуации, продавачите само ја поместуваат својата роба, па откако возот ќе замине, тие повторно продолжуваат со работата.

Тост во боите на виножитото
На Тајланд можете да пронајдете храна со многу необичен изглед. Тостот во боите на виножитото е посебно интересен за туристите. Станува збор за тост со кашкавал на кој му е додадена боја, па така добивате многу вкусен оброк и интересни фотографии за на Инстаграм.