Земјотрес денеска ја стресе Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Земјотрес денеска е регистриран во близина на Ростуше во Западна Македонија. Земјотресот со јачина од 2.5 степени бил со епицентар на 4 км источно од Ростуше. Потресот бил на длабочина од 27 км.

Инаку пред само неколку дена два земјотреси за краток временски период беа регистирани во Албанија. Првиот со јачина од 4.4 степени според Рихтер, на длабочина од 10километри, 124км од главниот град на Албанија, Тирана, додека вториот нешто послаб со јачина од 3.4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 5 км, 127 километри од Тирана, истите беа послабо почувстувани во Охрид и Струга.

Земјата на овие простори веќе одреден период не престанува да се тресе, а со оглед на тоа што истите се чувстуваат и во Македонија, поточно во градовите каде што туристичката сезона е во полн ек, туристите се вознемирени и дел од одморот го поминуваат во страв од повторен потрес.