Земјотрес го тресеше Скопје утринава

ИЗВОРСкопје24
|

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 05 часот и 58 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Пред само неколку дена телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓаше 150 km југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје., информираат од Сеизмолошка опсерваторија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Се надеваме нема да започнат повторно серијата земјотреси како што ги имавме во изминатиот период.