Земјотрес ја стресе Албанија – почувствуван е и во Македонија

|

Умерен земјотрес ја погодил Албанија рано утринава, а бил почувствуван и во Македонија, Црна Гора и Србија, како и на југот на Косово. Магнитудата на земјотресот била 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е регистриран рано утринава во 2.58 часот. Се работи за среден земјотрес со епицентар на 9 километри јужно од Тропоја во Албанија, соопштија надлежните.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Засега не е пријавена материјална штета.