Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот и 20 минути ја погоди БиХ.
Тој бил почувствуван во Херцеговина, а епицентарот бил на 4 километри од Столац, односно 34 километри од Мостар. Се почувствувал и на југот на Хрватска.
Жителите од Дубровник на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека двапати се тресело и дека земјотресот не бил толку силен, но дека ги исплашил.
ЕМСЦ ја потврди оваа информација.