Земјотрес со јачина од 2.3 степени по Ритхер е регистриран денеска во источна Македонија.
Епицентарот бил на 12 километри од градот Берово. На последниот ден од месец јануари имаше повеќе земјотреси во Македонија. Во јануари имаше серија земјотреси во Битола. Во регионот, денеска земјотреси имаше во Грција.
Исто така, пред три дена три земјотреса беа регистрирани и во охридско – струшкиот регион. Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени, додека третиот изутрината во во 03 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.