|
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран на границата меѓу Косово, Србија и Македонија, односно близу Старо Нагоричане.
Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од Старо Нагоричане, и на длабочина од 10 километри.
Вчера слаб земјотрес, исто така со јачина од 2.2 степени по Рихтер, имаше во Центар Жупа во западна Македонија.
На Балканот денеска имаше повеќе земјотреси во Словенија.