|
Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23:15 часот во западните делови од државата.
Епицентарот на земјотресот е 115 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.