Земјотрес синоќа почувствуван во Источна Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван е синоќа во околината на Пехчево и Берово.

Земјотресот е регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, вчера во 19 часот и 29 минути, а епицентарот се наоѓа пет километри северозапазно од Пехчево. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.7.

Два посилни земјотреси пред неколку денови имаше и во регионот.

Земјотрес од 4 степени беше регистриран во Подгорица, Црна Гора, додека земјотрес од 4,4 степени по Рихтер беше регистриран и во Грција, а потоа и потреси од 2 и 3 степени според Рихтер.

На почетокот на месецов и Македонија ја стресоа неколку помали потреси, последниот во низата со епицентар се наоѓаше 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесуваше 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Само неколку дена пред тоа телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓаше 150 km југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје., информираат од Сеизмолошка опсерваторија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.