Земјотрес во тетовско, почуствуван и во Скопје

|

Утрото околу 9 и 11 минути е почувствуван земјотрес со јачина од 3,6 степени, според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Брвеница, тетовско или на 32 километри од Скопје. Земјотресот е почувствуван и во Желино, Боговиње, но и во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 2 километри.

Инаку, вчера голем земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу, соопшти Геофизичкиот институт на САД (USGS).

Потресот е со епицентар во близина на градот Азангарo, во близина на езерото Титикака, на длабочина од околу 200 километри, прецизира Институтот.

Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека нема опа сност од огромен бран.

Засега нема извештаи за жр*ви или материјална штета.

Видео од земјотресот погледнете со клик ТУКА.