|
Земјотресот со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во 9 часот и 31 минути во Делчево, Тработивиште и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 140 километри источно од Скопје во соседна Бугарија, со локална Рихтерова магнитуда ML3.3.